НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ, ДЕН НА СИТЕ СВЕТЦИ ИЛИ ЗАДУШНИЦА? Што е всушност Халоувин?

Овој празник е всушност стар келтски обичај кој е забележан уште во петтиот век п.н.е. На крајот на октомври се славел Samhain што буквално значело крај на летото.

1,558

Ноќта на вештерките или Halloween е всушност стар келтски обичај кој е забележан уште во петтиот век п.н.е. На крајот на октомври се славел Samhain што буквално значело крај на летото.

Келтите верувале дека во тоа време духовите на мртвите и разните демони талкале повеќе од вообичаено, па оттука и врската со вештерките и страшните приказни. Подоцна, овие обичаи биле усвоени од Римјаните, па празникот продолжил до седмиот век.






Папата Бонифациј IV го претворил паганскиот обичај во црковен со тоа што го прогласил за Ден на сите светци во чест на христијанските маченици. Повеќе од илјада години подоцна се појавува терминот Hallow Evening, а тој доаѓа од шкотската All Hallows Eve, односно ноќта пред денот на светците.

Денешниот обичај на костимирани танци и прослави, особено во Америка и Канада, потекнува од келтските и галските земји како што се Ирска, Велс и Шкотска. На староирски, Samhain доаѓа од summer’s end.

Го слави крајот на летото и почетокот на мрачниот дел од годината. Тие верувале дека на тој ден душите на мртвите се враќаат на земјата, па им се нуди храна и пијалак за да им помогнат на живите да ја преживеат зимата. Вообичаено било и маскирани луѓе да ги посетуваат куќите за да добијат храна во замена за песна.

Христијаните во другите делови на Европа и подоцна во светот ги приспособиле овие обичаи на нивните догми, но многу работи останале слични. Гозбата во ноќта пред денот на сите светци 1.11. и Задушница – 2.11. стана обичај. Обичајот се проширил во Америка дури по масовната имиграција на Ирците и Шкотите.

 

Никаде конкретно не се спомнувале вештерките, не се обожувале или нешто слично. Денешните костими се под големо влијание на холивудските филмови исто како и забавите со костими кои немаат многу врска со религијата. Консумеризмот ги зеде сите празници под своја закрила, вклучувајќи го и овој. Спротивно на овие обичаи, крајот на зимата и почетокот на потоплото време се слават како карневали.

 

Некои христијани тврдат дека името Ден на мртвите е погрешно и дека треба да се користат старите имиња „Сите светци“ и „Задушница“.

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред Митровден,кој се слави на 8-ми ноември.

Фото: Pexels

Поврзани содржини