КОШМАР ВО ЗАПОРОЖЈЕ Осум напади, затвор срамнет со земја, тела расфрлани насекаде

Серија воздушни напади со дронови и водени бомби ја потресоа Украина, цели беа затвори и станбени објекти, властите обвинуваат за ново воено злосторство.

620

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во крвави руски напади во Украина во текот на ноќта, во регионите Запорожје и Дњепропетровск. Според украинските власти, станува збор за едни од најсмртоносните напади во последните недели, извршени со дронови натоварени со експлозиви и водени бомби.

Во Запорожје, мета на жестоките напади бил казнено-поправен центар. Од вкупно осум детонации во оваа област, животот го загубиле 16 лица, а најмалку 35 се повредени. Шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, го нарече нападот „ново воено злосторство извршено од Русите“ и објави фотографии од урнати ѕидови и распарчени тела.






Освен затворот, силно бомбардирање било извршено и врз соседни станбени згради, каде се предизвикани значителни материјални штети и паника меѓу цивилното население.

Во Дњепропетровск, локалните власти информираа дека четири лица загинале во три одделни напади, а осум се здобиле со повреди. Шефот на регионалната администрација, Сергиј Лисак, потврди дека нападите се случиле на полноќ и биле насочени кон цивилни цели.

Украинските власти повторно повикаа на меѓународна осуда и поддршка, нагласувајќи дека Русија продолжува со „варварски тактики“ во региони далеку од фронтот.

Поврзани содржини