НО, КОЈ ПРВ ПОЧНА? Путин потврди дека Русија ги напаѓа украинските електрани

Прекинувањето на водоснабдувањето на град со повеќе од милион жители е чин на геноцид, рече Путин, обвинувајќи го Западот за „тотален молк" по ова прашање.

552

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина и покрај бранот глобални критики поради нападите кои оставија милиони луѓе без струја и вода на почетокот на зимата.

– Има многу врева за нашите удари врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но кој почна прв? – рече Путин на церемонија на доделување награди што се одржа денеска во Кремљ.






– Критиките нема да ги попречат нашите борбени мисии – додаде рускиот претседател.

Тој ги опиша нападите врз енергетската инфраструктура на Украина како одговор на експлозијата на мостот на Крим и други напади, обвинувајќи го Киев за кревање во воздух на далноводните кабли од нуклеарната централа Курск, но и за прекин на водоснабдувањето во Доњецк.

– Прекинувањето на водоснабдувањето на град со повеќе од милион жители е чин на геноцид – рече Путин, обвинувајќи го Западот за „тотален молк” по ова прашање.

– Штом преземеме акција и направиме нешто како одговор, веднаш се крева врева – изјави рускиот претседател.

Голем број западни функционери ги нарекоа руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина воено злосторство.

Поврзани содржини