📽 НОЈ ГО КЛУКНА БОРИС ЏОНСОН Жена му сподели видео од сцената, интернетот не остана должен со шеги и со коментари
На видеото се гледа кога животното приоѓа кон автомобилот, во кој се наоѓаат Борис Џонсон и неговото семејство. Нојот го клукнал поранешниот премиер на Велика Британија по што тој почнал да пцуе. До него се гледа неговиот 5-годишен син Вилфред, кој се смее на целата ситуација.
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, бил клукнат од ној за време на сафари во Тексас, објави британски Индепендент.
Урнебесното видео, што на социјалните мрежи го сподели неговата сопруга Кери Џонсон, насмеа многумина.
На видеото се гледа кога животното приоѓа кон автомобилот, во кој се наоѓаат Џонсон и неговото семејство. Нојот го клукнал поранешниот премиер на Велика Британија по што тој почнал да пцуе. До него се гледа неговиот 5-годишен син Вилфред, кој се смее на целата ситуација.
„Беше премногу смешно да не се сподели“, рече Кери Џонсон во описот на видеото.
Корисниците, насмеани од необичната сцена, шеговито коментирале.
„Морам да признаам дека го гледав ова повеќепати“, „Го сакам ова видео. Ви благодарам што го објавивте“, „Борис е толку смешен. Се обложувам дека ве смее секој ден“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Ова не е првпат Борис Џонсон да прави гаф. Во август 2012 година, додека беше градоначалник на Лондон, се заглави на зип-лајн за време на Олимписките игри. Тој висеше во воздух неколку минути додека не беше спасен.
Потоа, во октомври 2015 година, тој беше снимен како случајно соборува 10-годишно момче на подот за време на пријателски рагби натпревар во Јапонија.
View this post on Instagram