НОЌЕСКА ИСТУРИ ДОЖД Во Радовиш наврнаа 37 литри на квадратен метар

УХМР за денеска прогнoзира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

255

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на квадратен метар, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови засилен повремено силен ветер од јужен правец, кој во Виница достигнуваше брзина до 75 km/h. Изутринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови во планинските региони проследени со грмежи. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.






УХМР за денеска прогнoзира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Поврзани содржини