НОЌЕСКА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД Како започнало поместувањето на времето?
Има и земји кои не сакаат да ги поместуваат своите часовници. Русија, Белорусија, Исланд, Јапонија, Кина, Јужна Кореја и земјите од Африка се дел од нив. Како започнало поместувањето на времето и зошто го правиме тоа секоја година?
Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, Северна и Централна Америка.
Има и земји кои е противат на оваа одлука. Русија, Белорусија, Исланд, Јапонија, Кина, Јужна Кореја и земјите од Африка се дел од нив.
Како започнало поместувањето на времето и зошто го правиме тоа секоја година?
Еден човек во Англија жалел за кратките денови
Првиот вистински поборник на летното сметање на времето бил Англичанец по име Вилијам Вилет. Тој бил архитект од Лондон, а идејата ја добил додека го јавал својот коњ рано наутро во 1907 година. Забележал дека ролетните на куќите биле цврсто затворени иако Сонцето веќе изгреало, пишува Алманах:
„Сите ги сакаат долгите, лесни вечери. Сите жалат за нивното намалување додека деновите стануваат сè пократки: и речиси сите изразија жалење што јасната, силна светлина на раните утрински часови во текот на пролетните и летните месеци толку ретко се гледа или користи … Тоа што 210 часа дневна светлина се трошат секоја година, за сите намери и цели е дефект во нашата цивилизација. Дозволете Англија да го препознае и да го поправи тоа“, напишал тој подоцна во една своја книга.
Вилет потрошил мало богатство во лобирање кај бизнисмените, членовите на парламентот и на американскиот Конгрес да ги менуваат часовниците за по 20 минути во секоја од четирите недели во април и да го сменат процесот во последователни недели во септември. Но, неговиот предлог наишол на голем потсмев.
Првата Светска Војна го смени … часовникот?
Ставовите на луѓето, сепак, се смениле по избувнувањето на Првата светска војна. Владата и граѓаните во Британија ја препознале потребата да се зачува јагленот што се користи за греење на домовите.
Германците биле први да го сменат времето
Германците биле првите кои официјално го усвоија системот за проширување на светлината во 1915 година, како мерка за заштеда на гориво за време на Првата светска војна. Ова доведе до воведување на британското летно сметање на времето во 1916 година: од 21 мај до 1 октомври, часовниците во Британија беа стави еден час понапред.
Сè било направено за спанковците да стануваат порано
Следеа САД во 1918 година, кога Конгресот го усвои Законот за стандардно време, со кој беа воспоставени временските зони. Сепак, ова беше во услови на големо противење во јавноста. Формиран е Конгресен комитет на владата на САД за да ги истражи придобивките од летното сметање на времето.
Многу Американци ја сметаа оваа практика како апсурден обид да се натераат спанковците да стануваат рано. Други мислеа дека е неприродно да се следи „времето на часовникот“ наместо „сонцето“. Еден колумнист во саботниот Ивнинг Пост тогаш ја понуди следната алтернатива:
„Зошто да не го „спасите летото со тоа што јуни ќе започне на крајот на февруари?“, напишал тој.
Вујко Сем и сменетите часовници
Работата добила ново значење во април 1917 година, кога претседателот Вудро Вилсон решил САД да учествува во војната. Одеднаш, зачувувањето на енергијата станало од огромно значење и биле преземени неколку напори за да се добие јавна поддршка за менување на часовниците.
Групата наречена National Daylight Saving Convention дистрибуирала разгледници на кои се гледа вујко Сем како држи градинарска мотика и пушка, вртејќи ги назад стрелките на огромен џебен часовник. Од гласачите било побарано да потпишат и да испратат до нивните конгресмени разгледници на кои пишувало:
„Ако имам повеќе дневна светлина, можам да работам подолго за мојата земја. Потребен ни е секој час светлина“.
Со овој ветер во грб од јавноста, Конгресот официјално објави дека сите часовници ќе бидат поместени еден час понапред во 2:00 часот по полноќ. на 31 март 1918. Канада усвоила слична политика подоцна истата година.

Земјоделците нејќат да работат во темница
Многу Американци погрешно сметаат дека летното сметање на времето било поради земјоделците. Всушност, земјоделците тврдоглаво се спротивставиле на промената од самиот почеток.
Кога војната заврши, земјоделците побарале крај на летното сметање на времето:
„Фармерот се противи да ги извршува своите рани задолженија во темница само за да може неговиот градски брат, кој во тоа време спие здраво, да ужива во возење со мотор на дневна светлина во осум навечер“, пишувало тогаш во весниците.
ЕУ уште не може да одлучи што ќе прави со стрелките
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.