НОЌЕН УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ КРИМ СО 42 ДРОНА Русија вели дека нападот бил успешно одбиен

Полуостровот Крим, каде е сместена клучната руска поморска база, е честа мета на украински беспилотни летала и ракетни напади во последните месеци.

719

Руското министерство за одбрана соопшти дека ноќеска одбила напад на Украина врз Крим со 42 дронови. Според руското министерство, 9 дронови биле уништени, а 33 се урнале без да стигнат до целта, велат од руските власти.

Во соопштението, Министерството вели дека „киевскиот режим се обидел да организира терористички напади на руска територија користејќи беспилотни летала од типот на авиони“. Се додава дека противвоздушната одбрана открила вкупно 42 беспилотни летала.






Како резултат на тоа, девет украински беспилотни летала беа соборени над Крим, додека други 33 беа потиснати од системи за електронско војување и паднаа пред целите, соопшти Министерството.

Нападот на Крим го потврди и гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев, кој, повикувајќи се на прелиминарните податоци, изјави дека неколку беспилотни летала се уништени над морето во близина на ртот Херсонес во западниот дел на полуостровот. Тој додаде дека локалните служби за итни случаи не регистрирале штета на цивилната инфраструктура.

Украинските напади со дронови во Крим станаа сè почести, а Украина неделава со дронови напаѓаше и воени аеродроми ширум Русија.

Поради ракетните напади руските власти накратко го затворија воздушниот простор над московските аеродроми Внуково и Домодедово, при што новинската агенција ТАСС соопшти дека цивилни авиони го заобиколуваат регионот Калуга и соседните региони Тула и Липецк.

Полуостровот Крим, каде е сместена клучната руска поморска база, е честа мета на украински беспилотни летала и ракетни напади во последните месеци. Во вторникот, Кирил Буданов, началникот на Главната управа за разузнавање (ГУР) на украинската војска – за која Русија вели дека организирала смртоносна експлозија на Кримскиот мост минатата година – вети уште напади на полуостровот „во следните неколку дена“.

Поврзани содржини