НОЌЕ СО ЦИСТЕРНИ СЕ БАЊААТ БУЛЕВАРИТЕ Најфреквентните јавни површини се поминуваат и со метла
Активностите за машинско миење со автоцистерни се реализираат 7 дена во неделата, исклучиво во летниот период, на булеварите и на улиците што се во надлежност на градот Скопје, соопшти ЈП Комунална хигиена - Скопје.
ЈП Комунална хигиена – Скопје во изминатиов период континуирано спроведува машинско миење на булеварите и на поголемите улици во сите скопски општини, со употреба на автоцистерни, соопшти претпријатието.
„Овој вид одржување на хигиената на сообраќајните површини се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на возила и на пешаци. Согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, активностите за машинско миење со автоцистерни се реализираат 7 дена во неделата, исклучиво во летниот период, на булеварите и на улиците што се во надлежност на Градот Скопје“, соопшти Комунална хигиена.
Нивните екипи секојдневно машинско и рачно ги мијат и метат најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје – улицата и плоштадот Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, Кејот 13-ти Ноември, како и Старата скопска чаршија.