МИЦКОСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА НАРОДОТ Победа на ДПМНЕ во Градско, Могила, Сопиште и во Јегуновце
Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На штотуку завршените локалните избори во земјава, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат победа во битката за градоначалници во прв круг во општините Петровец, Виница, Карбинци, Прилеп, Градско, Могила, Сопиште, Јегуновце.
Иако нема подетални информации, од ВМРО ДПМНЕ делуваат мошне задоволно од остварениот резултат. во меѓувреме се огласи и кандидатот за градоначалник на општината Ѓорче Петров од редовите на оваа партија, Александар Стојкоски, кој објави дека победува. ДПМНЕ е во водство и во Аеродром и Радовиш и Свети Николе.
– Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија – напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.