НЛБ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ Детектирани се обиди за злоупотреба на податоци и сметки
Особено е важно следниве податоци никогаш да не се споделуваат, како активациските кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања, ПИН кодовите од платежните картички со други лица, дури и ако лицето се идентификува како претставник од Банката, стои во соопштението од НЛБ Банка.
Од НЛБ Банка преку својот профил на Фејсбук ги извести своите клиенти дека се детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки кои од Банката веднаш ги пресретнале и спречиле, но ги предупредуваат клиентите да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци.
– Особено е важно следниве податоци никогаш да не се споделуваат, како активациските кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања, ПИН кодовите од платежните картички со други лица, дури и ако лицето се идентификува како претставник од Банката – стои во соопштението од НЛБ Банка.
Оттаму додаваат дека овие податоци никогаш нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка.