НЛБ БАНКА СО ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Лансирана нова подобрена веб страница за јубилејот

Со интуитивен дизајн, нови алатки и напредни услуги, НЛБ Банка им нуди на клиентите целосно освежено и модерно дигитално искуство.

630

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, НЛБ Банка лансираше нова веб страница (www.nlb.mk). Ваквиот чекор доаѓа токму во годината кога Банката одбележува 40 години постоење, како дел од континуираната модернизација и дигитална трансформација.

„Новата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување. Таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација и унапредена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката“, соопштија од НЛБ Банка.






Новата веб страница има интуитивна структура, прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, со што на посетителите им се нуди подобрено искуство при пребарување на услугите и продуктите.

„Со новата веб страница, клиентите добиваат полесен и побрз пристап до услугите. Вклучени се јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напредни локатори за брзо пронаоѓање на најблискиот банкомат или експозитура“, додаваат од НЛБ Банка.

Покрај тоа, подобрени се и калкулаторите за кредитни продукти, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важни финансиски одлуки – од својот дом или било кое место и во секое време.

Од Банката потенцираат дека новата веб страница не е само технолошки проект, туку суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.

„Ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата веб страница, со цел клиентите да имаат пристап до секоја важна банкарска содржина“, нагласуваат од НЛБ Банка.

Поврзани содржини