НЛБ Банка се одзва на препораката на Народна банка, ја прераспределува добивката

Ова го побара и најголемиот акционер во банката и сопственик Љубљанска НЛБ.

2,288

НЛБ Банка ќе ја прераспредели остварената добивка во 2019 година. Банката преку Македонска берза информира дека НЛБ од Љубљана која е најголем акционер со 87 отсто од капиталот го побарала тоа.

Како што е соопштено, причина за ваквата одлука на најголемиот акционер во НЛБ Банка е неочекуваната ситуација со пандемијата КОВИД-19 и препораката на Народната Банка во кое се очекува банките во Република Северна Македонија да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг.






Според предложеното остварената добивка во 2019 година на НЛБ Банка од 1.849.917.998 денари ќе се прераспреди и тоа 1.672.270.392 денари остануваат како нераспределена добивка додека 177.647.606 денари ќе се пренамени за задржана заработувачка за инвестиции.

„Добивката која е распределена во задржана заработувачка за инвестиции се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријално средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери). Со оваа одлука се постигнува да се зајакне ликвидноста и капиталот на Банката, а со тоа и на целиот банкарски сектор во Република Северна Македонија, односно да не се одлеваат средствата надвор од државата. Преку ова, НЛБ уште еднаш ја потврдува стратегијата за фокус кон регионот и регионалната припадност на Групацијата“, се наведува во соопштението.

На овој начин, додаваат во соопштението од банката, остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на Банката за ликвидносни цели, како и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка понатака, кога Банката ќе има повеќе информации за да направи квалитетна проценка на развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на Банката и позицијата на ликвидност.

Поврзани содржини