НЛБ Банка: Користете го електронско банкарство и држете растојание додека чекате

871

НЛБ Банка ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките кои банката ги презела за заштита и за спречување на ширење на коронавирусот.при спроведувањето на сите банкарски трансакции.

Банката информира дека за поголема заштита при посета на експозитурите преземени се повеќе мерки на заштите на клиентите.






  • Поставени се ознаки за чекање ред во експозитурите и надворешниот простор пред експозитурите со цел одржување на растојание од минимум 2 метри.
  • Пред сите експозитури се ангажирани редари и лица за обезбедување задолжени за спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу клиентите.
  • Во експозитирите е дозволен влез во групи од 3 до 5 лица, еднакво на бројот на присутни вработени во експозитурата.
  • Клиентите постари од 67 години се опслужуваат во период од 10 до 12 часот.
  • Во сите експозитури поставени се средства за дезинфекција, при што потребно е клиентите да се дезинфицираат при самиот влез и излез од експозитурата.
  • Спроведување на засилена дезинфекција на сите простории, експозитури и банкомати со цел поголема заштита на посетителите и вработените.

Од банката информираат и дека е во тек опремување на експозитурите со заштитни маски за потребите на клиентите.

Банката  апелира и да се спроведуваат сите трансакции преку дигиталните канали без потреба од посета на експозитура, а од  денеска  доставата на НЛБ Картичките е на домашната адреса на клиенти

  • Овозможено е бесплатно електронско и мобилно банкарство, со цел клиентите што помалку да ги посетуваат експозитурите и да можат самостојно да ги извршуваат сите банкарски работи од дома
  • Извршена е предвремена исплата на пензиите, и истите се достапни од 25 март на НЛБ Банкоматите.
  • Експозитурите да се посетуваат само кога е неопходно
  • Сите трансакции да се вршат преку НЛБ Клик – електронското и НЛБ мКлик мобилното банкарство.
  • За уплати и исплати да се користат НЛБ Банкоматите.
  • Да се избегнува готовина заради ризик од ширење на зараза и секаде каде што е можно да се плаќа со картички со бесконтактна технологија.

 

Поврзани содржини