НИВНОТО РАБОТЕЊЕ ЗАВИСИ ОД ВРЕМЕТО Министерката Тренчевска вели дека не може да се постави горна граница за работните часови на градежниците
Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.
Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно.
Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот.
Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.
Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.
Посочи дека на Економскиот совет се зборуваше да се намалат платите на функционерите и додаде дека функционерите не си ги зголемија платите самите, туку тоа го стори Уставниот суд,
– Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение. Ние како Влада сме расположени да разговараме и да преговараме со работниците за платите, потенцира Тренчевска.