НИВНАТА НАСМЕВКА ЗА НАС Е СКАПОЦЕНА „Sport Life“ им подели пакетчиња на децата со попреченост и на децата од ранливите категории

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за тие деца, сакаме да прераснат во традиција“, велат од „Sport Life“.

54

„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

– Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена – вели Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.






Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на „Sport Life“.

Поврзани содржини