НИТУ ЕДНА ЛАЖИРАНА АНКЕТА НЕМА ДА МУ ПОМОГНЕ НА МИЦКОСКИ Од СДСМ велат дека анкетата на ИПИС е неточна

Оваа агенција и во 2020 година предвидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив, велат од СДСМ.

299

Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите деструктивни чекори и блокади. Анкетите нарачани и лажирани од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните многу добро знаат како се спроведуваат, реагира СДСМ по денешното објавување на анкетата на ИПИС според која ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уживаат најголема доверба кај граѓаните.

„Лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите 6 месеци ниту пак криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа агенција и во 2020 година предвидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз. Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски“, порачуваат од СДСМ и додаваат дека имаат план со кој ќе се спротивстават на неговите обиди за блокада на државата.






„Нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата“, нагласуваат од СДСМ.

Поврзани содржини