НИТУ ДОЖД ЌЕ ВЕ ВРНЕ, НИТУ СОНЦЕ ЌЕ ВЕ ПЕЧЕ „Градски паркинг“ се грижи за граѓаните, поставени две настрешници на наплатните куќарки
Благодет за корисниците на услугите на „Градски паркинг“, додека плаќаат ќе бидат заштитени од временските непогоди.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје на својата фејсбук страница се пофали дека и натаму мисли на граѓаните и на корисниците на нивните услуги, така што беше инвестирано во две настрешници поставени на куќарките за наплата на Клинички центар и „Пајак“ службата.
„На наплатниот центар на Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, како и на благајната во службата на сектор „Пајак“ при ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се вградени натстрешници со цел заштита од дожд и сонце на корисниците“, информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје секојдневно работи на подобрување на условите за користење на јавните градски паркиралишта.