НИТУ ДЕНАР НЕМА ДА ПЛАТАТ ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ Пониква станува центар за здравствена и за психолошка рехабилитација

Владата на седницата одржана во понеделникот донесе одлука ова капацитет со 27 соби и 56 легла да биде ставен на располагање на Министерството за здравство, во период од 10 јуни до 20 август.

816

Одморалиштето Пониква на Осоговските Планини ќе се трансформира во рехабилитациски центар за граѓаните кои беа повредени во трагедијата што го потресе Кочани. Владата на седницата одржана во понеделникот донесе одлука ова капацитет со 27 соби и 56 легла да биде ставен на располагање на Министерството за здравство, во период од 10 јуни до 20 август.

Како што соопштија од Владата, лекарски тим составен од здравствени и психолошки експерти ќе се грижи за повредените, обезбедувајќи им и целосна здравствена нега, но и психолошка поддршка.






„Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Граѓаните ќе имаат комплетна поддршка, без да платат ниту денар. Трошоците за сместување, храна и медицинска грижа ги преземаат Министерството за внатрешни работи и Владата“, велат од владината прес-служба.

Од Владата најавија дека, доколку стручните лица оценат дека е потребно продолжување на престојот, ќе биде донесена нова одлука за продолжување на мерките.

„Нашата политика е да работиме одговорно и посветено. Фокусот ни се граѓаните и нивните потреби. Не дозволуваме трагедијата да биде злоупотребена за политички поени“, стои во официјалното соопштение.

Поврзани содржини