НИТУ БАГЕРИ НИТУ РАБОТНИЦИ ЗА КОРИДОР 8 Стоилковски затекна празна нива онаму каде што се одвиваше церемонијата
Оваа празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви, рече портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Токму на ова место пред два дена се одржа скапа церемонија за почеток на градбата на Коридор 8. И по два дена нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба, апсолутно ништо, рече портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги. СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема. Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници? Оваа празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија – рече Стоилковски.