НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ Русите ја шпионирале обуката на украински војници во германски бази
Во Идар-Оберштајн германската армија ги обучувала украинските војници да користат самоодни хаубици, а во Графенвоер американските инструктори ги обучувале Украинците да користат артилериски системи од западно производство.
Руските служби ја шпионирале обуката на украинските војници низ воените бази во Германија, вклучувајќи ги оние со кои раководи американската армија, пишува во денешното издание германскиот седмичник „Шпигел“.
Според списанието, за индиции за такви активности сооштила германската контраразузнавачка служба „Ем-А-Де“, според која мета на руските шпиуни биле базите во Идар-Оберштајн во Рајнската област, како и Графенвоер во Баварија што е во надлежност на армијата на САД.
Во Идар-Оберштајн германската армија ги обучувала украинските војници да користат самоодни хаубици, а во Графенвоер американските инструктори ги обучувале Украинците да користат артилериски системи од западно производство.
Според контраразузнавањето, во близина на базите биле забележани паркирани возила, како и во повеќе наврати над полигоните биле забележани дронови. Покрај тоа, германските служби посочуваат на сомнение за обиди за прислушување на мобилни телефони на Украинци кои студираат во Германија.
Контраразузнавањето стравува и дека руските служби се обидуваат да ликвидираат опозиционери кои побегнале од Русија во Германија или дезертери од руските безбедносни сили.