НИШТО НЕ Е СМЕНЕТО ОД ПРЖИНО, ЌЕ БИДЕМЕ ЗРЕЛИ КОГА ЕКСПЕРТИТЕ ЌЕ ПРОЦЕНАТ Филипче ја коментира лидерската зборувајќи за избори и за мигрантски кампови
Според Филипче, аномалиите од времето кога беше воведена техничката Пржинска влада се исти во владеењето на актуелната власт. На прес-конференцијата тој вели дека на власта ѝ се брза за предвремени избори поради дупките во буџетот, дека ќе следи проект „мигранти за пари“ и дека СДСМ е во право за наводите за мигрантски кампови и дека нема Р од законите од реформската агенда.
„Укинувањето на техничката влада треба да се случи кога нашето општество ќе биде зрело за тоа. Слободната волја на граѓаните и фер и демократски избори не се прашање на политички пазар. Затоа потребни е целосно носење на законите од Реформската агенда, и дури тогаш кога европските експерти ќе проценат дека тие се применуваат, ете тогаш ќе бидеме спремни да ја укинеме техничката влада“.
Вака изјави на лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција коментирајќи ја лидерската средба меѓу поглемите политички партии на која не присуствуваше.
Според Филипче, аномалиите од времето кога беше воведена техничката Пржинска влада се исти во владеењето на актуелната власт.
– Уште еднаш да повториме. Техничката влада е воведена поради аномалии во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш беа окупирани институциите, максимално партизирани, полицијата се користеше како репресивен инструмент во текот на изборите, злоупотреба на фондови во земјоделството. Истото се случува и сега, години подоцна. Не е случајно тоа што тогаш се воведе техничка влада за да се овозможи фер изборен процес. Услови за укинување на техничката влада едноставно нема поради сите овие нешта.
СДСМ засега ќе ги поддржи само законите од Реформската агенда која ја носи Македонија поблиску до стандардите на ЕУ, вели Филипче.
– ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нека договараат што сакаат, нивната соработка ни е многу добро позната. Ние договор ќе правиме само со граѓаните.
На прашањето дали смета дека сепак требаше да бидете на лидерската средба за да го потврдите партискиот легитимитет, Филипче одговори:
– Еве го нивниот партиски легитимитет, на власта, тој денеска исплива на површина. Легитимно е друго, да се бара деблокирање на земјата кон патот на ЕУ. Јас и премиерот на претходната лидерска средба се договоривме Реформската агенда. Многу мал дел од тоа е исполнето. Значи, кај власта нема вистинска желба за реформи.
Филипче дека вели дека на власта ѝ се брза да направи избори зашто пари нема и дупката во буџетот е огромна. Потоа, вели, ќе следи и проектот „мигранти за пари“.
– Дупката во буџетот е 680 милиони евра, доспеани обврски кон 700 милиони евра, неисплатен ДДВ меѓу 100 и 150 милиони евра. Следат многу нови задолжувања со еврообврзницата, сето тоа ќе биде на грбот на граѓаните. Ние сме на црната листа на ЕУ во врска со скандалот со ИПАРД фондовите. Владата сега нема како да поддржи илјадници семејства на земјоделци.
Според Филипче, власта тера силна антиевропска кампања, се измислуваат конфликти со Грција и со Бугарија, кои, како што вели тој, се изговори за Македонија да се држи во изолација.
– Иван Стоилковиќ, вицепремиерот за односи меѓу заедниците во Владата беше фатен на средба со „Ноќните волци“, моторџиите блиски до Путин. Тоа е силна провокација за нашиот стратешки партнер САД. Ги разоткривме сите планови на власта. Се сузбива демократијата, се партизираат институциите, се ограничи слободата на договорот со резолуцијата што може да каже опозицијата, замислете. И за мигрантите, ќе повториме декa бевме во право.
Првиот човек на СДСМ вели дека партијата е спремна да настапи на избори кога и да се случат.
– Работа е на премиерот да каже што мисли. Прилично сум сигурен дека врз основа на сè што се случува, како катастрофално се води државата, дека ќе има предвремени избори, напролет, наесен, на крајот на годината.