НИШТО БЕЗ ИЗВИНУВАЊЕ ЗА ГРУБИ Зад секоја негова криминална активност стоела премолчана поддршка од СДСМ
Ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека сè уште го штитат, повторно побара ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Артан Груби и ДУИ во нивиот мандат, не се извинуваат и се обидуваат да го штитат Груби, повторно потсети денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и Филипче ги манипулираат граѓаните и ги дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси. СДСМ, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од нивниот единствен приоритет, да останат на власт. Обидот на СДСМ со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ е неубедлив и провиден, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ се наоѓа на крстопат, се додава во соопштението.
„Ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека сè уште го штитат“ повторно побара ВМРО-ДПМНЕ.