НИШТО БЕЗ „ЦРВЕН ТЕЛЕФОН“ СО ПУТИН Шолц вели дека Западот има порака за рускиот претседател
Канцеларот на Германија не верува дека односите меѓу Русија и Германија можат да се нормализираат во „догледна иднина“.
Директна комуникација со Владимир Путин е клучна, бидејќи Западот има пораки и ставови кои сака да му ги пренесе на рускиот претседател, смета германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Колку и да е тешко, директната комуникација е важна, особено за време на сериозна криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до рускиот претседател – изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“ додавајќи дека не верува оти односите меѓу Русија и Германија можат да се нормализираат во „догледна иднина“.