Нина Бадриќ воодушеви во костимот за капење: Објави нефотошопирана фотографија (ФОТО)

1,427

Хрватската пејачка Нина Бадриќ (49) летните денови ги минува на Хвар. На својот Инстаграм, таа реши да почести бројните обожаватели со фотографија во костим за капење, а тие во коментарите ја покажаа својата благодарност кон неа.

Нина на лицето носи големи очила за сонце и широка насмевка додека позира во едноделен црн костим за капење.






„Само живеј, само биди“, ги напишала во описот на објавата стиховите од песната „Патот кон среќата“ од Горан Барет.

Фотографијата за кратко време доби повеќе од 14.000 лајкови. Нејзиното природно издание ги воодушеви фановите.

„Толку ми е убава, затоа што не ја фотошопирала фотографиајта“ – изгледот на Нина воодушеви една обожавателка.

„Прекрасна“, „Многу убава и згодна“, „Совршена“, „Реклама за „Запознајте ги најприродните убавини на Хрватска“, „Тоа е жена! “, „Никогаш поубава“, коментираат обожавателите под фотографијата на Нина во костимот за капење.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини