Нина Бадриќ по настапот на корона-забавата на славните, се најде на столбот на срамот

3,174

Хрватските медиуми денеска пишуваат за пејачката Нина Бадриќ, која објави фотографија со тамошниот министер за здравство Вили Берош и неговата сопруга, и покрај тоа што, како што се наведува, таа претходно пеела на „корона забавата“ и не ги испочитувала мерките за самоизолација.

Порталот „Nacional.hr“ наведе дека локалните медиуми и присутните од споменатата забава, која се одржала на 6 август годинава, се обидуваат да ги прикријат заразените од прославата, затоа што повеќето од луѓето кои биле таму избегнале самоизолација – меѓу нив е како велат тие, и Нина Бадриќ.






На приватната забава за повеќе од 100 луѓе, меѓу кои биле и хрватските пејачка Маја Шупут и Северина Којиќ, која набрзо потоа објави дека е позитивна на коронавирус, се заразил и самиот славеник и организатор на прославата, пишува „Nacional.hr“.

ФОТО: Instagram

 

Поврзани содржини