🎥 НИНА БАДРИЌ НАСТАПИ И НА КАРИБИТЕ Хрватската пејачка запеала во црква и во ресторан додека го тера одморот на Карипските острови
Кога си на вечера за време на одмор на Кариби, па ќе те препознаат како „онаа што пред некој ден пееше во црква“, ќе запееш пак. Погледнете ги двата спонтани настапи на хрватската пејачка Нина Бадриќ, како што на шега вели, на барање на карипската публика
Се чини дека дури ни Карибите не можат да ја задржат Нина Бадриќ само како гостин бидејќи нејзината вечера во еден од рестораните за време на одморот на Карипските острови, брзо се претворила во настап и таа запеала пред воодушевените гости на ресторанот.
Хрватската музичка дива Нина Бадриќ уште еднаш покажа дека нејзиниот глас се препознава – каде и да се појави. Деновиве таа престојува на Карибите, каде што сосема обична вечера во ресторанот завршила со спонтан настап пред бројните гости на кои, како што велат и во коментарите под нејзината објава, им ја разубавела вечерта.
Имено, Нина сподели видео на социјалните мрежи во кое пее пред воодушевената публика, откривајќи како сето тоа се случило сосема неочекувано.
View this post on Instagram
– Исто како што фудбалот е судбина на фудбалерот, музиката е мојата муза.
Синоќа, обична вечера се претвори во претстава, но само да знаете…
Луѓето ме препознаа како „тоа е онаа што пееше во црква пред некој ден“.
На барање на карипската публика…Нинааа Бадриќ… – напишала Нина покрај видеото кое брзо собра бројни позитивни коментари и реакции од фановите.
Инаку, претходно во текот на оваа недела таа присуствувала на миса во црква на Карибите, каде што пеела и кадешто се запознала со свештеник од Хрватска.
– Кога ќе најдете црква на остров и ќе одите на неделна миса.
Кога ќе сретнете свештеник од Хрватска на миса!
Кога спонтано ќе запеете на миса…. пишува таа покрај видеото од нејзиниот настап во црквата.
Погледнете како изгледало тоа.
View this post on Instagram