Никовски за македонската дипломатија: Одбираат експерти за сè и стручњаци за ништо
Основните проблеми на Македонија се од дипломатско ниво. И вие кога немате дипломати, нема кој да се бори за сопствените интереси. Да пратите во некоја држава аматер е навреда за самата држава, додава Никовски.
Дипломатијата е занает и не се учи преку ноќ. Македонија формално правно може да се каже дека нема дипломатија. Тоа се одбрани луѓе по некои политички клучеви, критериумите се надвор од употребите на државата, експерт за сè и стручњак за ништо. Треба да ги ширите и браните интересите на државата. Праксата и традицијата се клучни, тоа е еднен од најстарите занаети, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
Таа политика е неодговорна и си ја сечеш гранката на која седиш, истакна Никовски на прашањето за тоа дека Македонија сè уште нема амбасадори во клучни европски и светски центри.
– Сите надворешно политички прашања ги решава една мала група на луѓе во земјава. Основните проблеми на Македонија се од дипломатско ниво. И вие кога немате дипломати, нема кој да се бори за сопствените интереси. Да пратите во некоја држава аматер е навреда за самата држава – додава Никовски.