НИКОТИНСКИТЕ ЌЕСИЧКИ И ОТКАЖУВАЊЕТО ОД ЦИГАРИ Истражувањата покажале извонредни резултати

Шведските докази се кристално јасни: никотинските ќесички се најефикасната алатка за да им се помогне на пушачите - а особено на жените за да се откажат од цигарите - вели коавторката на анализата, д-р Марева Гловер.

75

Иновативните алтернативни никотински производи кои се помалку штетни за здравјето претставуваат катализатор во шведскиот напредок кон остварувањето на целта за општество без чад – во кое помалку од 5% од населението ги користи традиционалните цигари. Ова го покажува анализата од истражувањето „Моќта на никотинските ќесички“, кое било спроведено во април и во мај 2025 година во Шведска, на 892 испитаници кои се бивши пушачи, преку метод на интервјуа и фокус групи.

„Оваа револуција во јавното здравство не е резултат на политиките засновани на забрани, туку поради смелото и прагматично прифаќање на политиките за намалување на штетите. Ова истражување открива дека постигнувањето на извонредниот успех е олеснето преку прифаќањето на оралните никотински ќесички во Шведска – иновација без чад и тутун што помогна да се забрза намалувањето на стапките на пушење во последниве години, особено кај жените“, пишува во анализата.






Во неа се додава дека откако Шведска во 2016 година го овозможила користењето на никотинските ќесички како помалку штетен никотински производ, со тоа се забрзало намалувањето на стапките на пушење кај двата пола, со раст од речиси 200% на стапката на откажување на цигари кај жените. Пред појавата на никотинските ќесички, потрошувачката на цигари кај Швеѓанките се намалила за само 16% помеѓу 2009 и 2015 година, во споредба со 27% кај мажите во истиот период. Но, од 2016 година па до 2024 година, трендот се сменил: стапката на откажување од пушење кај жените всушност се забрзала, надминувајќи ја онаа кај мажите. Стапката на пушење кај Швеѓанките е намалена на 5,7% за разлика од 11,2% во 2015 година, што претставува забележителен пад од 49%.

„Лансирани во 2016 година, никотинските ќесички се модерни производи без чад и тутун кои испуштаат никотин без согорување или вдишување. Овие производи се состојат од мали ќесички кои содржат никотин и се поставуваат помеѓу усната и непцата, олеснувајќи ја апсорпцијата преку оралната мукозна мембрана. Отсуството на согорување, чад или плунка, во комбинација со недостатокот на мирис, ги прави особено привлечни за пушачите кои бараат алтернатива на цигарите. Истражувањата покажаа дека никотинските ќесички се најбезбедниот метод за испорака на никотин затоа што не содржат тутун, избегнуваат изложеност на белите дробови со испорака на никотин преку апсорпција на орално ткиво и имаат хемиски состав сличен на производите од терапијата со замена на никотин (NRT), кои се дефинирани како основни лекови во терапијата за откажување од страна на Светската здравствена организација (СЗО)“, се потенцира во анализата „Моќта на никотинските ќесички“.

Испитаничките одговориле дека доколку нивните преферирани никотински ќесички повеќе не бидат достапни на пазарот во Шведска, една од три жени (34%) би ги побарале на друго место, наместо да преминат на друг метод за откажување од пушење, што е јасен показател и за ефикасноста и за емоционалната инвестиција на ќесичките во откажувањето од пушење. Дополнително, 16% од жените испитанички изјавиле дека би можеле повторно да пушат доколку ќесичките не се достапни.

– Анализата на здравствените податоци, националните анкети и сведоштвата на жените покажуваат дека никотинските ќесички се најбезбедната, општествено најприфатлива и еколошка алтернатива на цигарите што одговара на денешниот начин на живот. Тие се прагматични, ефикасни и нудат најсветла надеж за свет без чад. Шведските докази се кристално јасни: никотинските ќесички се најефикасната алатка за да им се помогне на пушачите – а особено на жените за да се откажат од цигарите – вели коавторката на анализата, д-р Марева Гловер.

– Кога жените имаат пристап до чисти алтернативи без стигма, стапките на откажување од пушење се зголемуваат. Креаторите на политики мора да го напуштат својот прохибионистички начин на размислување и да го следат шведскиот пример базиран на докази. Погрешните забрани и бариери го блокираат пристапот до овие производи што можат да спасуваат животи – истакнува коавторот на анализата, д-р Делон Хјуман.

Според истражувачите, на светот повеќе не му се потребни теоретски дебати или хипотетички модели за да разбере како да се победи пушењето. Тие тврдат дека Шведска го обезбедила планот и сега е време и другите нации да го следат примерот – со прифаќањето, а не со попречувањето, на улогата на модерните орални никотински ќесички во постигнувањето на иднина без чад.

Меѓу најупотребуваните во Шведска се никотинските ќесички Velo кои истовремено ослободуваат и вкус и никотин. Овие алтернативни никотински производи без чад, нудат посебна сензација во устата што не се чувствува како при пушењето цигари. За разлика од цигарите, овој производ не испушта аеросол. Ова им дава можност на возрасните потрошувачи да користат алтернативни производи без да влијаат штетно на оние околу нив. Производителот на Velo информира дека овие никотински ќесички се направени од висококвалитетни состојки. Тие содржат никотин, вода, билни состојки, ароми и засладувачи. Исто така, постојат никотински ќесички со различни вкусови и различни дози на никотин, кои се достапни и на пазарот кај нас. Сепак, овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.

Поврзани содржини