Николовски: Во април ќе избереме претседател на први непосредни избори

233

Измени во Статутот на СДСМ, се подготвувале речиси два месеца. СДСМ се модернизира веќе подолг временски период, изјави Љупчо Николовски, генералниот секретар на партијата и вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, вечерва во дневникот на Сител ТВ, по одржаниот 25 конгрес на партијата.

– Воведена е нова целосна група или глава во самиот Статут која се однесува на непосредните избори. Тие ќе се организираат преку активна регистрација на целокупното членство кое што го имаме. Овој период ќе го искористиме навистина да имаме целосна евиденција на членството на партијата, да ги направиме сите подготовки и веќе во април следната година со истекот на мандатот на ова раководство прво да избереме претседател на партијата на први демократски непосредни избори. Има соодветни услови, пет години работно искуство, односно работен ангажман и членување во СДСМ, но и еден целосен мандат на членство во Централниот одбор со право на глас. Сите може да бидат кандидати, ќе ја поминат целокупната постапка и верувам дека ќе имаме успешни избори следната година во април на новиот претседател на партијата со што ќе имаме и нов конгрес на којшто ќе се изберат и Централниот и Надзорниот одбор, но и заменик претседателот на СДСМ – рече вицепремиерот Николовски.

Поврзани содржини