Николовски самиот објави, ќе биде вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси
Николовски му се заблагодари на својот фејсбук профил на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку фејсбук статус вечерва му се заблагодари на Зоран Заев бидејќи го предложил за вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.
„ Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сѐ од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека #можеме!“, напиша Николовски.
Љупчо Николовски во претходната влада на СДСМ беше министер за земјоделство до мај 2019 година кога беше избран за генерален секретар на СДСМ.