Николовски прогласи победа на СДСМ со предност од два мандата
Имаме сигурна победа во Битола со над 1.000 гласови, во Куманово со над 3.500, во Центар со над 4.100, во Крива Паланка над 2.000. Солидна предност и победа имаме и во Прилеп, и во Берово. Над 1.000 гласови во Делчево, во Кочани и да не ги редам сите останати општини во земјава, рече генералниот секретар на СДСМ.
На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист изборен ден во нашата земја, јасни се две работи: победуваме и продолжуваме уште подобро, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на последната прес-конференција во хотелот „Белви“.
– ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бара ново раководство. Коалицијата „Можеме“ според последните инфорамции во растечки тренд води со два мандата. Ја имам таа чест да прогласам победа на мојот СДСМ и на оваа најголема коалиција. После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарните избори со сигурно водство во првата изборна единица, со изедначена битка во третата изборна единица и со водство во шестата изборна единица, со тоа што ги очекуваме дополнително резултатите кои се обработуваат. Имаме сигурна победа во Битола со над 1.000 гласови, во Куманово со над 3.500, во Центар со над 4.100, во Крива Паланка над 2.000. Солидна предност и победа имаме и во Прилеп, и во Берово. Над 1.000 гласови во Делчево, во Кочани и да не ги редам сите останати општини во земјава. Граѓаните избраа сигурност и го казнија ВМРО-ДПМНЕ – рече Николовски.