Николовски: Одлуката е дали ќе одиме напред или ќе се вратиме во обнова на режимот

354

На овие избори имате можност со вашиот глас да одберете, да одлучите да продолжиме да одиме напред кон светла иднина или пак ќе се враќаме назад во темното минато и обнова на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Фаница Николовски, носителка на ИЕ 6.

– Можеме! Уште повеќе и уште подобро! Можеме! Бидејќи знаеме и умееме! Да обезбедиме повисок стандард за сите граѓани преку креирање нови работни места. Зголемување на минималната и просечната плата. Градиме општество со еднаква грижа за сите. Сите да имаат и уживаат еднаква права. Социјалната помош продолжува да расте! Го скршивме синџирот на сиромаштијата. Се грижиме за здравјето. Вложуваме во младите и образованието. Обезбедуваме правда, ред и дисциплина, правна и праведна држава во која законот важи за сите. Ефикасна и независна јавна администрација, Администрација која ќе им служи на граѓаните, а не да биде товар – рече Николовски.






Таа додаде дека градат  еко-држава. Строга контрола и казна за загадувачите. Еко домаќинства и еко фабрики.

– Влеговме во НАТО. Влегуваме и во Европската Унија. Членка сме на најмоќниот воено политички сојуз – НАТО. Ја осигуравме безбедноста и сигурноста на државата. Тоа значи сигурна иднина за сите и гарантиран економски развој. Нови инвестиции и повисоки плати за сите.  Модерна армија и пристап до пазар од 4 милијарди евра. Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Европски пари за европски стандардни дома. Повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта и водовод – истакна Николовски.

Поврзани содржини