Николовски: Не гледам потреба за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ најпрво треба да обезбеди демократија за своите трудољубиви членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во интервју за порталот Локално.

665

Не гледам потреба за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, особено кога имаме јасен победник на изборите со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата Влада, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за порталот Локално.

– ВМРО-ДПМНЕ најпрво треба да обезбеди демократија за своите трудољубиви членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја. Најважно е прво да се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство. Ќе зборуваме со сите политички чинители кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред сè. Мораме да ги обезбедиме тие работи за нашите граѓани – смета Николовски.

Поврзани содржини