НИКОЛОВСКИ НАЈАВУВА СИГУРНА ПОБЕДА Првичните трендови велат дека СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Бевме сведоци на проблемите со апаратите за отпечаток од прст, но тоа беше барање на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

463

Денеска македонска демократија имаше мирен, достоинствен и европски изборен ден. Социјадемократскиот сојуз на Македонија им благодари и честита на сите граѓани кои денеска учествува на овие избори, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

– Честитки до институциите кои спроведоа фер и слободни и демократски избори, како што и доликува на една модерна и демократска држава. Позитивната атмосфера која течеше низ целата кампања денеска беше заокружена со мирен изборен ден – рече генсекот на владејачката партија.






Тој информираше за неколку изолирани и помали отстапувања по кои веднаш се реагирало од страна на институциите.

– Бевме сведоци на проблемите со апаратите за отпечаток од прст, но тоа беше барање на ВМРО-ДПМНЕ за да го гласаат Изборниот законик и ние како демократска партија тоа го прифативме за резултатите да бидат кредибилни и никој да не ги оспорува – рече Николовски.

Според него првичните трендови говорат дека СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа.

Поврзани содржини