Николовски: Мицкоски не може да бира дали ќе оди на избори!
Мицкоски не може да бира дали ќе оди на избори, неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче. Мицкоски единствено може да бира дали ќе води кампања или не, напиша Николовски на Фејсбук.
Нема да дозволиме еден незрел и неодговорен партиски профитер, како Мицкоски, да ја турка земјата во здравствена, економска и политичка неизвесност и криза, напиша генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на Фејсбук.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гласаа за распуштање на Собранието со цел распишување избори, влегоа во техничка влада која треба да организира избори и поднесоа кандидатиски листи за избори. ВМРО-ДПМНЕ има и свој реден број на гласачкото ливче. Мицкоски не може да бира дали ќе оди на избори, неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче. Мицкоски единствено може да бира дали ќе води кампања или не“, напиша Николовски.