🎥 НИКОЛОВСКИ ИСПРАТИ ПОВИК ДО ДИЈАСПОРАТА Дојдете да гласате!

382

Ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24 април и на 8 мај во Македонија и да го искористат своето право на глас, како ВМРО-ДПМНЕ би освоило рекорден број на пратеници. И така не би било ВМРО-ДПМНЕ уценувано од никој од овие кои што се сега корумпирана елита на власт, истакна партискиот потпретседател, Александар Николоски, во изјава за вестите на Алфа телевизија од Виена.

Николоски додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба чист мандат, со голем број на пратеници. Ако е возможно и 61 пратеник со цел да не биде уценувано и секако политичката партија ДУИ да оди во опозиција.






– За тоа ни е потребно сите кои што живеат надвор од Македонија, како и сите кои што живеат во Македонија да дојдат на 24 април и на 8 мај да гласаат – повика Николоски.

Тој посочи дека по победата на избори, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исправа работите во државата кои што се последица од оваа ненародна и корумпирана власт.

– Потребно е пред се да се врати гордоста, македонската национална гордост кај Македонците, тоа е првата работа што треба да ја направиме. И секако втората работа е чистење на корупцијата и покренување на економијата со цел што помалку луѓе да ја напуштаат Македонија и секако оние кои што се надвор од државата да имаат можност да се вратат дома – порача Николоски.

Поврзани содржини