Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вечерва во емисијата „Клик плус”, на ТВ21 најави дека на следната следница на владата ќе побара оставка, односно разрешување од надлежниот Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски програми и мобилност Лидија Димова.
– Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме – рече Николовски.
– Нема недопирливи, и не треба да има. Не сакаме да оставиме никаков сомнеж. Затоа јас ќе побараме од Димова да поднесе оставка. Ако тоа не го стори, тогаш ќе ја разрешиме – рече Николовски.