Николовска: Власта само испорачува неправда и реваншизам

Николовска рече и дека власта упатува порака дека ќе има „прочистување“ во судството на оние кои нема да работат по нивен налог.

455

Имавме огромен број на случаи и сомневања за криминал. Дали нешто преземаа, дали некој доби судски епилог? Не, не доби, рече адвокатката Ружица Николовска  на протестот на ВМРО-ДПМНЕ против неправдата.

Таа рече дека власта не испорачала правда.






– Дали испорачаа правда во случајот „Рекет“? Не! Не испорачаа, туку напротив, знаете што, еве гледаме како обвинителите водат лична војна со ВМРО-ДПМНЕ –  рече таа.

Николовска рече и дека власта упатува порака дека ќе има „прочистување“ во судството.

-Какво прочистување? Упатува порака дека можеби ќе бидат прочистени оние кои нема да постапуваат по нивниот налог? Тоа ли е прочистување на судството? Сакам да ви кажам лично за тоа што кај мене доаѓаат такви луѓе. Секојдневно се врши притисок и мобинг врз луѓето вработени во државниот и во јавниот сектор. Им се делат откази, се прераспоредуваат на работни места кои им се оддалечени и повеќе од 120 километри од нивното место на живеење -рече Николовска.

 

Поврзани содржини