НИКОЛОВ СТАНУВА „ШЕРИФ“ По Лече, Македонецот се сели во Молдавија
Инаку, Николов последно играше за италијанскиот тим Лече, секако беше дел од историскиот настап на Македонија на Европското првенство.
Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов е нов играч на ФК Шериф Тираспол, клуб кој настапува во молдавската прва лига.
Договорот го потврди самиот клуб на својата интернет страница. Инаку, молдавскиот тим е на чекор до пласман во Лигата на шампионите откако претходно ја шокираше Црвена Звезда и ги елиминираше во квалификациите, а сега во првиот меч од плеј офот убедливо славеше и против Динамо Загреб со 3:0. Ова веројатно значи дека во групната фаза од ЛШ ќе имаме и наш фудбалер.
Инаку, Николов последно играше за италијанскиот тим Лече, секако беше дел од историскиот настап на Македонија на Европското првенство.