Николов: По изиграните ора во Штип, денес Филипче и Заев го исмеваат народот со нови мерки

Претседателот на комизијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што се предлагаат тие мерки, во исто време треба да се објави и објасни кога се планираат тие цели да бидат остварени.

1,409

Наместо мерки за бенефит на граѓаните, денес се носат задоцнети мерки кои нема да променат ништо.  Наместо 3-4 карантин викенди, како што предлагаа експертите епидемиолози претходно, со цел да се стави епидемијата под контрола, денес повторно се предлагаат мерки – немерки кои што тешко дека ќе дадат видливи резултати, ниту се објавува кога овие резултати ќе ги видиме, реагира Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНE на последните мерки на Владата.

Според него, наместо промена на протоколите од примарно до терциерно ниво и нивна дистрибуција до целокупниот медицински и немедицински персонал, се одвлекува вниманието со некакви мерки за порано затворање на рестораните и кафулињата.






– Наместо мапирање на целокупниот медицински персонал за да се види неговата расположливост да биде вклучен во битката со ковид–19, јавноста се замајува со некакво наградување на медицинарите кои што биле на првата линија на борба со короната, а за таквото наградување ниту имаше и ниту има трага и глас.  Наместо одговорност, лагите и пи-арот бесрамно продолжуваат – рече Николов.

Тој го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ за професионализира Комисијата за заразни болести или да преземат одговорност премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

– И наместо да се слушне струката во врска со пандемијата со ковид-19, таа се користи за параван за неспроведување на мерки, а се слушаат пи-ар претставите на  Филипче и на Заев. Комисијата за заразни болести не е ништо друго туку еден обичен параван.  Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што се предлагаат тие мерки, во исто време треба да се објави и објасни кога се планираат тие цели да бидат остварени. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче претставува еден обичен пи-ар – вели Николов.

Николов го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ за професионализира Комисијата за заразни болести или да преземат одговорност премиерот  Заев и министерот за здравство Филипче.

Според него,  Заев и Филипче глумат загриженост.

– Наводно прифаќаат некакви мерки, но во исто време на корона изборите тераат оро и слават во кафеана – рече тој.

Тој побара одговор од здравствените власти:

– Зошто досегашните мерки кои што ги имавме наместо резултати дадоа пролонгирана агонија? Ги навикнаа граѓаните на 20, 30 па и 40 починативо текот на денот, во текот на 24 часа. Ги навикнаа граѓаните на 30-35% позитивни од вкупно тестирани во 24 часа. Здравството се претвори во ковид здравство – рече тој.

Николов смета дека, наместо претворање на целокупното здравство во ковид здравство и лекување на само една дијагноза, требаше да загрижат и згрижат останатите пациенти, останатите заболувања и останатите дијагнози.

 

Поврзани содржини