Николов: На здравствениот персонал му е забранет годишен одмор, a владините функционери тераат одмори во Мексико и Дубаи

420

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ револтиран од односот на функционерите и луксузирањето  со годишните одмори на својот фејзбук профил објави дел од уредба на владата објавена во Службен весник со која на здравствениот персонал му се забранува користење на годишни одмори или било какви отсуства поради пандемијата.

Тој реагира на тоа што спротивно на таа објава владини функционери се луксузираат со одмори во  Мексико и Дубаи.






„Службен весник – Одлука (чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор.Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, тие заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации туку во Мексико и Дубаи.

Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за да тие господата можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава. Камо ви ги вакцините непрокопсани уживатели на државни и јавни функции?
Запрашајте се колку здравствен персонал ја загуби битката со ковид-19? Колку персонал ги загуби своите постари родители заради тоа што вие не обезбедивте вакцини? Сфативме дека за вакцини само писма сте пишувале, а за Мексико и Дубаи знaете да се придвижите и на лице место да уживате.
Кога не можете и немате образ да покажете малку срам, барем покажете солидарност и соживејте се со маките и тежината која што е натоварена врз докторите и медицинскиот персонал и целиот персонал во здравството.
Одете си! Што побрзо да ве нема!“, напиша Николов на фејсбук.

Поврзани содржини