Николоски: Заев да каже какви релации има со Дончев и рекетот од 6 милиони евра

Тој праша и каква улога во случувањата имал адвокатот на Зоран Заев којшто се слуша на снимките.

551

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговор од лидерот на СДСМ, Зоран Заев во какви реалции е со поранешниот директор на Фондот за здтавство, Ден Дончев, откако на социјалните мрежи се појавија видео снимки со Дончев како зема поткуп.

– Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера? Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција? –  праша на денешната прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ






Тој праша и каква улога во случувањата имал адвокатот на Зоран Заев којшто се слуша на снимките.

 

Поврзани содржини