НИКОЛОСКИ ЗА БРЗАТА ПРУГА ЌЕ ГОВОРИ ВО СВЕТСКА БАНКА Планирани се и средби во Стејт департментот

На настанот се предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

1

Стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планираната изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, ќе бидат дел од обраќањето  на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″ во Светска банка.

На сесијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Николоски ќе се обрати заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.






Николоски за време на тридневниот престој во САД ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот.

На настанот се предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

Николоски за време на тридневниот престој во САД ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот.

„Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија“ соопшти Министерството за транспорт и врски.

Поврзани содржини