Николоски: Во ЕУ знаат се за Заев и за бизнисот на Вицето
За четири дена успеавме да отвариме три средби со европски премиери и две со министри за надворешни работи, а Заев за шест месеци нема средба со премиер на ЕУ, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на тоа што е разговарано на средбите со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски.
– Не можам да се сетам дека претставник на СДСМ додека беа во опозиција се среќавал со премиери, нивото е многу различно, потоа, тие ја кодошеа државата, а луѓето со кои се гледаме ние се први луѓе во овие држави имаат амбасади тука и знаат и повеќе од тоа што ќе им кажете. На пример се случуваше да ја почнеме реченицата и тие да ја довршат истата. Еве ќе кажам два примери без имиња. Кога зборувавме за блокадата на Бугарија зборувавме дека во одреден период Заев беше подготвен да попушти се во даден момент, и еден соговорник вели – а знам за интервјуто на Заев. Или кога зборуваме за корупција, друг соговорник вели „а да знам дека братот на премиерот е во бизнис “- рече Николски.
Тој укажа дека нивните соговорници се добро информирани луѓе, лидери на партии и премиери во земјите.
Николоски се осврна на посетите на Унгарија, Словенија, Хрватска заедно со претседателот Христијан Мицкоски.
– За четири дена успеавме да отвариме три средби со европски премиери и две со министри за надворешни работи, а Заев за шест месеци нема средба со премиер на ЕУ, рече Николоски.
Николоски укажа на важноста на посетата на Словенија која е следна земја претседавач со ЕУ, како и на посетата на Унгарија, земја од која доаѓа комесарот за проширување на ЕУ, како и на тоа дека Унгарија е дел од Вишеградската четворка од која Унгарија е дел заедно со Полска, Словачка и Чешка, земји чии политики се многу наклонети кон Македонија.