Николоски: Потребна е влада на национално единство, Заев нема капацитет за битка со корупцијата

Заев немал средба со премиер на западна држава уште од пред аферата „Рекет“, а од тогаш има поминато повеќе од една година - посочи Николоски.

636

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во разговор за Канал 5 зборуваше за промените кои треба да се случат во државата, а според него приоритет треба да се стави на водење битка со корупцијата.

На вечерашното гостување Николоски истакна дека потребна е влада на национално единство, а според него треба да има и предвремени парламентарни избори бидејќи Заев, како што вели, нема капацитет да води битка против корупцијата.






– Заев нема капацитет да води битка против корупцијата која е најважна за напредок кон ЕУ – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека потребна е промена на власта веднаш.

Според Николоски, лошо е условувањето со Бугарија, но потенцираше дека 90 отсто од проблемите на земајта се домашните, и оти прво треба да се решат тие. Тука, како пример, ја посочи корупцијата.

Притоа Николоски илустрираше дека премиерот Заев веќе подолг период не остварил средба со некои од влијателните западни челници.

– Зоран Заев немал средба со премиер на западна држава уште од пред аферата „Рекет“, а од тогаш има поминато повеќе од една година – посочи Николоски во гостувањето на Канал 5.

Поврзани содржини