Николоски: Параполициски структури го следат врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Овие параполициски структури, според него, се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.

584

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска имаше интервју за вестите на ТВ Алфа каде што посочи дека врвот на партијата е следен физички и телефонски.

– Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата би рекол свиркачи од ражни институции кои што доставуваат информации до нас дека највисокот раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ, е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и коумникациски надзор – рече Николоски.






Тој посочи дека тоа е недеморатски и незаконски и изрази сериозен сомнеж дека тоа го прават параполициски структури што е целосно нелегално. Овие параполициски структури, според него, се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.

Поврзани содржини