📽️ НИКОЛОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД РАБОТАТА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д „Одлична координација на институциите со изведувачот“
Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници, напиша вицепремиерот и министер за транспорт велејќи дека успехот е производ на координацијата на премиерот, министерството и ЈПДП со изведувачот „Бехтел и Енка“.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски на својот фејсбук профил објави видео на кое се прикажуваат интензивните работи на изградба на автопатите на коридор 8 и 10 д.
„Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници 🛣️
1. Прилеп – Битола
2. Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
3. Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
Напорната работа дава резултати!
Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати” напиша вицепремиерот Николоски.