Николоски: Народот спречи Заев да потпише нешто што ниеден Македонец не би потпишал (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев ќе се обиде пак да потпише сличен договор за една недела, за две недели, за еден месец или по изборите во Бугарија и затоа народот треба да биде цврст и да биде сплотен.

1,528

Bидете горди бидејќи по 20 дена , коу сме по улиците во македоснките градови и села, направен е прв мал чекор. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил. Но заради вас, заради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ, изјави на денешниот протест Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

– Да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка.Затоа што ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија кои што се во месец март ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата.Затоа што како што рекол славниот водач на Илинденското востание, човекот радо виден по европските дворови, човекот кој што на ВМРО му помогна да има интернационална признатост и познатост Борис Сарафов во едно свое познато интервју „Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами просто Македонци“ и затоа треба тој аманет од Борис Сарафов 120 години подоцна заеднички да го одбраниме – рече Николоски.






Тој, како што рече, за жал Македонија и утре нема да добие датум за почеток на преговори со Зоран Заев, а тој и владата, ако имаат малку доблест, и ако имаат малку достоинство утре треба да поднесат оставка сите од прв до последен, цела влада затоа што 4 години го лажат македонскиот народ.

-И да сме на јасно, точно е дека има голема вина во ова што се случува во непринципиелните барања на нашиот источен сосед Бугарија, ама точни се и уште две работи. Првата е кога сте спремен да ја платите секоја цена, ја плаќате највисоката цена. Видоа нашите соседи дека Зоран Заев е спремен да ја плати секоја цена и решија да добија нешто што нивните претходници политичари не би го ни сонувале, решија да добијат нешто што е повеќе од 150 годишна битка на овие простори. И тука апсолутно одговорноста е кај Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и останатата екипа со нив. И втората работа Македонија не почна и не почнува преговори со Европската унија затоа што во Македонија цветат криминалот и корупцијата – рече Николоски.

Тој , како што рече , ЕУ нема да почне преговори бидејќи ништо од она што се бараше од земјава во борба против криминалот не е исполнето. Напротив, владата продолжила по старо и не ги реализирала реформите. дури потоа дојде Бугарија со ветото.

 

Поврзани содржини