Николоски: Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп ВИДЕО

819

Куманово е тешко погодено од коронавирусот. Таму гледаме многу политика, многу партиски и внатрепартиски препукувања, а малку сериозни чекори. Предлагаме итно да се донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово  и бараме заради терање политика и надмудрување во рамките на СДСМ да не страдаат граѓаните, побара Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Итно донесување на одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово со цел да канализира борбата со коронавирусот и да почне да се решава овој проблем. Тоа треба да се направи уште денес.  Второто големо жариште кое се отвора е Прилеп. И оваа прес конференција помеѓу другото, сакам да споделам и одредени информации кои што се поврзани со Прилеп затоа што веќе се доцни со реакцијата, но барам барем целосно да не се промаши ситуацијата затоа што ако денес не се дејствува ми е страв дека ќе предоцна. Во Прилеп имаме огромна прогресија на вирусот. Владата и Венко Филипче не тестираат доволно. Тоа е сериозен проблем кој не може да го реши ниту полицискиот час. Денес залудно е тестирање во Прилеп на дваесетина сомнителни случаи, кога други 40 чекаат на ред да бидат тестирани. Секој ден поминат без детектирање на заболените, значи ново заболени кои министерството не ги бележи, а за жал бројката постојано се зголемува. Предлагаме Владата веднаш да прогласи кризна состојба и во Прилеп, за да се стави под контрола ширењето на вирусот. Така ќе се зголеми контролата и директно ќе се влијае на намалување на ширењето на вирусот и ќе се спасат човечки животи – рече Николоски.






Поврзани содржини