Николоски: Имаме позитивен став за коалиција со Алијанса на Албанците и Алтернатива

656

Главен императив на опозициските партии кои што би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ е оваа ненародна власт да си замине и да се формира ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, рече во дебатната емисија „360“ на телевизија Алсат, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник  Александар Николоски кој се осврна на можната коалиција со Алијанса на Албанците на претстојните локални избори, како и на моменталните политички случувања.

Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ почна со средби со граѓаните низ сите градови во Република Македонија. Според Николоски, претстојните локални избори се одлична и голема шанса за ВМРО-ДПМНЕ да освои што е можно повеќе општини во земјата, за потоа да има причина да побара и предвремени парламентарни избори.






Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ соработува одлично со Алијанса на Албанците и Алтернатива, а пример за тоа е беспрекорното функционирање во Собранието на Република Македонија како опозициски партии. Николоски посочи и дека на последниот собир организиран од фондацијата „Конрад Аденауер” присуствувале претставници на овие две партии, што е доволен показател за добрите односи и позитивното расположение во однос на можна коалиците помеѓу овие партии.

– Сметам дека коалицијата е можна и многу порано пред локалните избори, доколку се конкретизира моделот на коалицијата и начинот на кој таа коалиција би функционирала. Добро е што опозициските партии се сплотени и целта на овие партии и крај на овој хибриден режим и градење на едно ново општество кое што ќе нуди успех на сите граѓани – додаде Николоски.

Николоски беше дециден дека сите можни коалициски партии имаат исти гледишта на моменталната ситуација во државата и тоа е главниот двигател.

Поврзани содржини